ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ШТО ТРЕБАЛО ДА ПАТУВА САМО КАЈ БАБА МУ, БИЛО КАЧЕНО НА ПОГРЕШЕН АВИОН ВО АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА

    ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ШТО ТРЕБАЛО ДА ПАТУВА САМО КАЈ БАБА МУ, БИЛО КАЧЕНО НА ПОГРЕШЕН АВИОН ВО АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈАКаспер бил сместен во авион за Орландо место за Форт Маерс (Фото: Гети)

    Шестгодишно дете, кое било пријавено како патник со придружба, било оставено само да лета до погрешен град во Флорида откако било ставено во друг авион на компанијата „Спирит ерлајнс“. Момчето именувано Каспер, кое првпат во животот летало со авион, патувало од Филаделфија, а требало да го пречека баба му во Форт Маерс.

    Сепак, Каспер завршил во Орландо, до кое има четири часа возење од Форт Маерс, откако по грешка вработените во компанијата го сместиле во друг авион. Авиокомпанијата се извини и понуди да ги надомести патните трошоци за баба му до Орландо.

    Во сцени кои потсетуваат на филмот „Сам дома 2“, во кој главниот лик Кевин се качува во погрешен авион, останувајќи одделен од семејството за Божиќ, Каспер бил сместен во авион за Орландо место за Форт Маерс. Откако сфатила дека Каспер го нема во авионот кој слетал во Форт Маерс, баба му Марија Рамос кренала паника. За среќа, Каспер ѝ се јавил набргу по доаѓањето во Орландо, по што таа возела дотаму за да го собере.

    Ние сериозно ги сфаќаме безбедноста и одговорноста за превозот на сите наши патници и спроведуваме внатрешна истрага. Му се извинуваме на семејството за ова искуство“, соопшти „Спирит ерлајнс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира