ШПАНЕЦ УАПСЕН ЗАШТО ЗГРАПЧИЛ ЗА ЗАДНИК ТВ-РЕПОРТЕРКА ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАЛА ВО ЖИВО

    ШПАНЕЦ УАПСЕН ЗАШТО ЗГРАПЧИЛ ЗА ЗАДНИК ТВ-РЕПОРТЕРКА ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАЛА ВО ЖИВОИса Баладо известувала за грабеж во Мадрид кога се случил инцидентот

    Шпанската полиција уапси маж под сомнение дека сексуално нападнал ТВ-репортерка додека се јавувала во живо од настан. Иса Баладо известувала за грабеж во Мадрид, кога еден маж поминал покрај неа и ја зграпчил за задникот, што тој го негирал кога таа му се обратила.

    Баладо се обидела да продолжи со работата, но ја прекинале од студиото.

    „Иса, се извинувам што те прекинувам, дали тој тукушто ти го допре задникот?“, ја праша водителот Начо Абад.

    Откако таа потврдно му одговорила, Абад ѝ кажал да ја свртат камерата за да го покажат „идиотот“.

    „Колку и да сакаш да знаеш од која телевизија сме, дали навистина мора да ми го допираш задникот? Известувам во живо“, му кажа Баладо на мажот.

    Полицијата подоцна соопшти дека го уапсила мажот за наводен сексуален напад врз репортерка. Инцидентот го осуди и министерката за труд Јоланда Дијас, велејќи дека не смее да помине неказнето.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Brut (@brutofficiel)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира