ШПАРКАСЕ БАНКА ВОВЕДЕ ЕКО-КРЕДИТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ДОМАЌИНСТВАТА

    ШПАРКАСЕ БАНКА ВОВЕДЕ ЕКО-КРЕДИТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ДОМАЌИНСТВАТА

    Шпаркасе Банка Македонија во своето портфолио на кредитни производи за физички лица ги воведе новите ЕКО-кредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и GEFF во Македонија, соопшти компанијата.

    Шпаркасе Банка Македонија е првата банка во Македонија што стана дел од програмата на ЕБОР и GEFF, преку кои ја пласира новата кредитна линија во износ од 2 милиона евра наменети за унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Кредитите за унапредување на енергетската ефикасност веќе се достапни во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија и со своите поволности им овозможуваат на граѓаните и поврат на инвестициските средства во висина од 15% до 20% од инвестициската вредност на прифатливиот проект.

    ЕКО-кредитите се со износ до 50.000 евра, рок на отплата до 20 години и фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,70% за првите 3 години, а потоа променлива почнувајќи од 5,90%.

    „Се надеваме дека со новата понуда на ЕКО-кредитите ќе ги стимулираме граѓаните да започнат проекти за подобрување на енергетската ефикасност на нивните домови, со искористување на поволностите што им ги овозможува оваа кредитна линија од ЕБОР, со крајна цел за заштита на животната средина и поттик на инвестициите во енергетски ефикасни проекти и производи“, изјави Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

    Доколку кредитот се однесува за набавка на само една технологија, на пример, набавка на прозорци и врати, тогаш клиентот ќе има можност за 15% грант од вкупната вредност на инвестицијата, додека за набавка на две или повеќе технологии, на пример покрај прозорци и врати се инвестира и во топлински пумпи, тогаш инвестицискиот грант ќе изнесува 20% од износот на кредитот. При позитивна одлука, дека наменско одобрените средства се соодветно искористени, Шпаркасе Банка Македонија ќе изврши поврат на вложените средства до максимално дефинираниот износ на грантот на трансакциска сметка на клиентот.

    За повеќе информации за технологиите што се прифатливи, посетете го Селекторот на технологии technology-mk.ebrdgeff.com каде што можете да ги пронајдете и сите неопходни информации за чекорите што треба да ги преземе клиентот во понатамошната постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира