Кога Русија пред една година ја испрати војската во Украина, директорот на Националната уметничка галерија на Киев, имал само една мисла на ум: безбедноста на сликите. Додека свиреле сирените, Јури Вакуленко се спакувал и заминал во Галеријата, каде поминал 66 дена во подрумот. Имал и панцир и гас маска за секој случај, и така ја чувал поставката.
Вакуленко, кој не сакал сликите да фаќаат прашина по магацини во странство, ги прашал музеите во Европа дали би биле заинтересирани да причуваат модифицирани верзии на две изложби кои веќе биле поставени во Украина. Се согласија два музеја од Швајцарија, Музејот за уметност и историја во Женева и Кунстмузеум во Базел.
Музејот од Женева, кој ги презел делата од Прадо во Мадрид за време на Шпанската граѓанска војна во 1930-те, испратил материјали за пакување за да се осигура дека транспортот ќе биде безбеден. Во Музејот Рат, дел од Музејот за историја, во тек е изложбата „Од самрак до зори’ со дела од украински уметници. Изложени се и сандаците во кои биле транспортирани сликите од Украина, неколку недели откако прозорците на Галеријата во Киев беа скршени од гранатирањето во близина.
Вакуленко рече дека било невозможно да се осигураат сликите што минуваат низ Украина, па пратката била придружена од обезбедување на дводневното патување до полската граница.
„Најважно беше да се чува тајноста на движењето на пратката на територијата на Украина“, вели Вакуленко. „Деталите за движењето беа познати само на многу ограничен круг луѓе директно поврзани со процесот на транспорт и безбедност.
На изложбата во Базел има 49 дела од 18. до 20. век од уметници родени во Украина, како што се Илја Рјепин и Володимир Боровиковски.