ШВЕДСКА ПРОИЗВЕДЕ ПИВО ОД РЕЦИКЛИРАНА ОТПАДНА ВОДА

    ШВЕДСКА ПРОИЗВЕДЕ ПИВО ОД РЕЦИКЛИРАНА ОТПАДНА ВОДА„Пјурест“ е опишано како кристално чисто светло пиво, направено со рециклирана вода и со органски слад и хмељ (Фото: ДПА)

    Шведска пиварница лансираше ново пиво направено од рециклирана отпадна вода, со цел да го нагласи проблемот со недостиг на вода во некои делови од светот.

    Пивото наречено „пјурест“ е „кристално чисто светло пиво, направено со рециклирана вода и со органски слад и хмељ“, вели Крис Тургесон од пиварницата „Њу Карнеги“.

    Експертите од Шведскиот институт за испитување на околината (ИВЛ) гарантираат дека водата поминала низ процес на прочистување и тестирање, пред да ѝ биде доставена на пиварницата.

    „Многу луѓе се сѐ уште скептични околу пиењето на прочистена отпадна вода, но таа е чиста и сигурна исто колку и вода од чешма. Главната цел на овој проект е да ја крене свеста за глобалниот проблем со водата“, вели проект-менаџерот на ИВЛ, Штафан Филипсон.

    За да се произведе пиво, потребни се огромни количества вода, односно 60-180 литри за еден литар пиво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира