ШВЕДСКА СЕ ПОТПИРА НА САМООДГОВОРНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПАНДЕМИЈАТА, НЕ НА ДРАСТИЧНИ МЕРКИ И ЗАБРАНИ

    ШВЕДСКА СЕ ПОТПИРА НА САМООДГОВОРНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПАНДЕМИЈАТА, НЕ НА ДРАСТИЧНИ МЕРКИ И ЗАБРАНИРестораните нормално работат во Стокхолм (Фото: Гети)

    Додека цели држави во Европа се ставени во карантин поради пандемијата на коронавирусот, една држава се обидува да го одржи секојдневниот живот блиску до нормалното.

    По долгата зима, времето во Шведска стана доволно топло за да може да се седи надвор и луѓето го користат тоа. Ноќните клубови сѐ уште беа отворени оваа недела, но тоа ќе се промени од денеска, од кога и во Шведска ќе бидат забранети собири со повеќе од 50 луѓе.

    На патиштата низ Шведска е помирно од вообичаено, а јавниот превоз во Стокхолм бележи намален број патници за 50%. Анкетите покажуваат и дека речиси половина од жителите на главниот град сега работат од далечина.

    На семејствата им е дозволено да излегуваат во парк без ограничувања

    „Секоја компанија има можност за тоа. Го прават тоа и функционира“, вели Штафан Ингварсон, извршен директор на една компанија.

    Потпирајќи се на самоодговорноста на граѓаните, политичарите и здравствените власти сѐ уште се надеваат дека ќе го запрат ширењето на коронавирусот без да се воведуваат драстични ограничувања. Повеќе постојат насоки, отколку стриктни правила, а фокусот е ставен на стари лица да седат дома, редовно миење раце, работа од дома и на избегнување несуштински патувања.

    Во Шведска досега има речиси 3.500 случаи на коронавирус и 105 починати.

    „Ние кои сме возрасни мора така и да се однесуваме. Не смеат да се шират паника и шпекулации. Никој не е сам во оваа криза, но секој поединец има голема одговорност“, вели премиерот Штефан Лефвен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира