ШВЕДСКА СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ НА СПЕРМА ЗА ВЕШТАЧКО ОПЛОДУВАЊЕ ЗАШТО НЕМА ДОНОРИ ВО ПАНДЕМИЈАТА

    ШВЕДСКА СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ НА СПЕРМА ЗА ВЕШТАЧКО ОПЛОДУВАЊЕ ЗАШТО НЕМА ДОНОРИ ВО ПАНДЕМИЈАТАЧекањето за третман за асистирана бременост сега е продолжено од шест на 30 месеци (Фото: Ројтерс)

    Шведска се соочува со акутен недостиг на сперма за асистирана бременост како што потенцијалните донори ги избегнуваат болниците поради пандемијата на коронавирусот, со што е запрено оплодувањето во голем дел од земјата.

    Остануваме без сперма. Никогаш не сме имале толку малку донори како изминатата година“, изјави Ан Турин Кјелберг, шефицата на одделот за репродукција во Универзитетската болница во Гетеборг.

    Недостигот на сперма значи дека чекањето за третман за асистирана бременост е продолжено од шест на 30 месеци, можеби и подолго, велат лекари упатени во проблемот.

    Стресно е, зашто не знаеме кога точно ќе одиме на третман“, вели 28-годишната наставничка по математика Елин Бергстен.

    Пред две години, Бергстен и нејзиниот партнер дознале дека нема да можат да добијат дете по природен пат, па се пријавиле за асистирана бременост. Таа требала да го почне вториот циклус на оплодување кога третманот бил откажан на неодредено време поради недостиг на сперма.

    Тоа е национален феномен. Недостиг има во Гетеборг и Малме, а наскоро ќе има и во Стокхолм“, вели Кјелберг.

    Приватните клиники го надминуваат проблемот така што купуваат сперма од странство, но еден третман таму чини речиси 12.000 долари, што е недостапно за многумина. Во јавното здравство, третманите за асистирана бременост се бесплатни.

    Скандинавските земји и Белгија ја имаат највисоката стапка на вештачко оплодување на милион жители на светот, според Европската асоцијација за човечка репродукција и ембриологија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира