СИЦИЛИЈАНСКАТА МАФИЈА СЕ ЖАЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ КВАЛИТЕТЕН КАДАР

    СИЦИЛИЈАНСКАТА МАФИЈА СЕ ЖАЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ КВАЛИТЕТЕН КАДАРКоза ностра денес е сенка на некогашната озлогласена група на организиран криминал (Фото: ЕПА)

    Кога антимафијашката полиција растури сицилијанска мафијашка банда пред неколку недели, главната цел беше да ја спречат да се прегрупира и да создаде ново раководство. Она што произлезе од широката полициска истрага е дека таа морала да се прилагоди на модерната реалност и да напушти дел од своите големи амбиции од минатото.

    Тие не произведуваат мафијаши како порано“, му рекол Џанкарло Романо на еден соработник во прислушуван разговор пред да биде убиен лани.

    Кон крајот на 2023, Романо, кој се сметаше за нова мафијашка фигура во областа Бранкачо во Палермо, бил снимен како се жали на падот на мафијата и на лошиот квалитет на новите регрути.

    Нивото е ниско. Денес апсат некого и ако стане доушник, веднаш апсат друг. Денешните мафијаши се задоволуваат ако продадат мала количина хашиш“, рекол тој преку неговиот прислушуван телефон.

    Сепак, мафијата од Сицилија и натаму е сила на која треба да се смета, предупредува обвинителот Маурицио де Лучија.

    Коза ностра е жива и присутна“, вели тој.

    Инспекторите откриле дека новата генерација шефови на банди користи шифрирани мобилни телефони и илјадници еднократни микро-сим картички прошверцувани во затворите. На овој начин, тие се обидуваат да водат бизнис и да избегнат да бидат прислушувани. Сицилијанската Коза ностра дури почнала да соработува со други банди, вклучувајќи ја и озлогласената и далеку поголема Ндрангета во континентална Италија.

    Премиерката Џорџа Мелони ја пофали последната операција на италијанската полиција и порача дека борбата против мафијата не престанала и нема да запре. Половина од уапсените биле на возраст од 20 и 30 години.

    Коза ностра денес е сенка на некогашната озлогласена група на организиран криминал. Сепак, многу од старите практики и кодови на однесување остануваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира