Возач на метро во Холандија избегна тешка несреќа благодарение на огромна уметничка инсталација на кит.
Возот ја проби бариерата на крајот на пругата во градот Спајкенисе во близина на Ротердам, но место да падне во водата од десет метри височина, тој застана на скулптурата и остана да виси.
„Се обидуваме да најдеме начин како да го спуштиме возот внимателно и безбедно“, изјавија властите.
Возачот поминал без повреди и успеал сам да излезе од возот, во кој во тој момент немало патници.
Скултурата е дело на архитектот и уметник Мартен Струјс и била поставена во водата во 2002 година.
„Ова никогаш не сум го замислувал, но скулптурата му го спаси животот на возачот. Изненаден сум што и после 20 години е толку цврста и успеа да запре цел воз“, изјави Струјс.