Судницата број 600 во Нирнберг, во која се одржале судењата за воените злосторства во 1945, ќе престане со работа и ќе стане музеј. Сите судења за нацистите, најблиски соработници на Хитлер, се одржале во таа судница.
Меѓународниот воен трибунал беше формиран специјално за Нирнбершките судења, и вкупно 12 нацистички лидери беа судени од судии и обвинители од четирите сили на Алијансата.
Судот е отворен во 1916 од баварскиот крал Лудвиг Трети, и се користел како судница во Вајмарската република. Судницата број 600 била најславна поради тоа што таму се носеле најсуровите пресуди, меѓу кои и 80 смртни казни, а судијата Освалд Ротауг бил познат како „џелатот“.
Судницата зафаќа простор од 246 квадратни метри, површина од околу два големи апартмана. За време на Нирнбершките судења, Американците го отстраниле задниот ѕид за да ослободат простор за публика. Огромните лустери биле заменети со неонски светла. И покрај реновирањата во 1960-те и неколкуте обиди за модернизација, судницата никогаш не станала модерна. Огромен крст сѐ уште виси над клупата.
Политичарите се надеваат дека еден ден ќе стане заштитен објект од историско наследство.