СЛЕП ПАТНИК ПРОНАЈДЕН ЖИВ МЕЃУ ТРКАЛАТА НА АВИОНОТ КОЈ ЛЕТАЛ ОД ЈУЖНА АФРИКА ДО АМСТЕРДАМ

    СЛЕП ПАТНИК ПРОНАЈДЕН ЖИВ МЕЃУ ТРКАЛАТА НА АВИОНОТ КОЈ ЛЕТАЛ ОД ЈУЖНА АФРИКА ДО АМСТЕРДАМАвиопревозникот „Карголукс“ кажа дека авионот попатно слетал во Кенија (Фото: ДПА)

    Холандската полиција објави дека пронашла слеп патник меѓу тркалата на авионот кој денеска пристигна на аеродромот во Амстердам од Јужна Африка. Летот од Јоханесбург до Амстердам трае околу 11 часа, а товарниот авион имал и едно попатно застанување во Кенија.

    Полицијата вели дека е многу невообичаено на ваков начин да се преживее вака долг лет, имајќи ги предвид студот и ниското ниво на кислород на големите височини.

    „Возраста и националноста на патникот не се утврдени. Тој е пронајден во просторот за тркала и во болница е превезен во стабилна состојба. Неверојатно е како тој човек е сè уште жив“, изјави портпаролката на холандската кралска полиција, Јоана Хелмондс.

    Авиопревозникот „Карголукс“ го потврди случајот и кажа дека авионот попатно слетал во Кенија. Засега е нејасно дали мажот се качил во Јоханесбург или во Најроби.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира