СНЕГОТ ЈА ЗАТВОРИ АЈФЕЛОВАТА КУЛА

    СНЕГОТ ЈА ЗАТВОРИ АЈФЕЛОВАТА КУЛАСпоред француската метеоролошка служба досега во околината на Париз паднало 1,5 метри снег, која е најголема снежна покривка од 1987 година (Фото: Гети)

    Ајфеловата кула е затворена за туристи по обилните снежни врнежи кои го блокираа сообраќајот во Париз. Фотографиите на официјалниот твитер профил на Ајфеловата кула покажуваат дека градот е покриен со снег.

    Дополнителните снежни врнежи кои денес го зафатија францускиот град предизвикаа хаос на улиците и на патиштата околу градот, со рекорден сообраќаен метеж вчеравечер.

    Властите отворија ургентни шелтер центри, за сместување на заглавени патници, кажа портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Франција Фредерик де Ланувел.

    Сообраќаен метеж во централна Франција (Фото: Гети)

    „Ситуацијата е комплицирана. Ги молиме возачите ова утро да не ги користат нивните автомобили“, кажа Де Ланувел.

    Тој кажа дека 46 ургентни шелтри се отворени за бездомниците, и за другите кои заглавиле по патиштата вчера вечерта, со капацитет за сместување од 1.000 луѓе. Стотици биле сместени на железничките станици и аеродромите.

    Некои парижани се израдуваа на снегот и извадија скии за да се движат низ градот.

    Според француската метеоролошка служба досега во околината на Париз паднало 1,5 метри снег, која е најголема снежна покривка од 1987 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира