СО МЕТОДОТ ХЕЛЕН ДОРОН ДЕЦАТА ГО ИЗУЧУВААТ АНГЛИСКИОТ КАКО МАЈЧИН ЈАЗИК

    СО МЕТОДОТ ХЕЛЕН ДОРОН ДЕЦАТА ГО ИЗУЧУВААТ АНГЛИСКИОТ КАКО МАЈЧИН ЈАЗИКHelen Doron методологијата е базирана на совладување на материјалот и изучување на англискиот јазик преку игри, музика, песни и интерактивни активности. (Фото: Хелен Дорон)

    Со методот Хелен Дорон* децата го изучуваат англискиот јазик како мајчин јазик, а не како странски или втор јазик. Родителите честопати се соочуваат со предизвици кога станува збор за одбирање на најдобрата едукација за нивните деца, но, не сите методи за учење на англиски се исти. Методот Helen Doron English  се истакнува како избор број 1 на многу родители.

    Учење на англискиот јазик како мајчин јазик

    Хелен Дорон е метод за рано изучување на англискиот јазик, каде што децата го научуваат англискиот јазик како мајчин јазик, на природен и интересен начин, кој дава брзи и трајни резултати. Децата преку овој метод го научуваат англискиот јазик како мајчин јазик така што почнуваат да размислуваат на англиски јазик. Имаат слободна, течна комуникација и природен акцент. За таа цел на часот се создава вештачка англиска средина каде што комуникацијата меѓу децата и учителот е единствено на англиски јазик.

    Хелен Дорон учителите се специјално обучени да користат соодветни техники, вештини и активности со помош на кои ќе создадат на часот вештачка англиска средина и наставата ќе ја водат единствено на англиски јазик, а децата притоа сè да разберат, научат и да се чувствуваат убаво и сигурно во ваква средина. Во ваква средина децата имаат природна способност да го апсорбираат јазикот и брзо се ослободуваат да комуницираат на истиот со што се создаваат билингвални деца. Билингвалните деца развиваат посуштинско разбирање за структурата на јазикот, што е многу важна алатка за писменоста. Способни се да учат нови зборови многу полесно и изучувањето на трет или повеќе јазици е многу поедноставно. Исто така изучувањето на друг јазик во раното детство му помага на детето во развојот на говорот и говорните вештини, поубаво изразување и збогатување на речникот и на сопствениот јазик.

    Учење кое децата го обожаваат

    Helen Doron методологијата е базирана на совладување на материјалот и изучување на англискиот јазик преку игри, музика, песни и интерактивни активности кои се интересни и забавни, но истовремено се многу сериозни и добро осмислени, внимателно испланирани и базирани на методолошки материјали. Овие активности овозможуваат учењето на англискиот јазик да биде лесно, спонтано и забавно. Учениците на часовите толку многу се забавуваат што не се ни свесни колку мноху научуваат.

    Голем спектар на програми

    Helen Doron English училишните центри нудат програми за деца од 3 месечни бебиња до 18 годишни тинејџери. Секоја програма е специјално наменета за одредена возрасна група и предзнење на децата. Се работа во мали групи и персонализиран пристап
    Секое дете е различно, има различни потреби и различен стил на учење. Helen Doron методот овозможува преку работата во мали групи ( од 4 до 8 ученици во група) и преку персонализираниот пристап да обезбеди индивидуално внимание за секој ученик и учењето да биде адаптирано на стилот на учење на ученикот.
    https://www.facebook.com/HelenDoronEarlyEnglishMacedonia/videos/257862276964915

    Обучени учители

    Helen Doron учителите се висококвалификувани, обучени и сертифицирани учители за работа по Helen Doron English методологијата и програмите.
    Учењето на англиски јазик со Хелен Дорон, е многу повеќе од изучување на јазикот
    • Развој на говор и комуникациски вештини
    • Развој на самодоверба
    • Целосен интелектуален развој
    • Енциклопедиско знаење
    • 100% резултати кај секое дете
    • Безброј задоволни ученици и родители

    Helen Doron English е светски бренд, лидер во детската едукација, кој е застапен повеќе од 35 години во над 40 држави ширум светот. Во Македонија овој бренд успешно функционира веќе 10 години со 17 училишни центри во државата. Доколку сакате одблиску да се запознаете со уникатната Helen Doron методологија резервирајте си бесплатен ДЕМО час во еден од ХД училишните центри најблиску до вас:

    Хелен Дорон Аеродром – 078 388 403

    Хелен Дорон Центар – 071 293 613

    Хелен Дорон Карпош – 078297949

    Хелен Дорон Кисела Вода – 078 282 842

    Хелен Дорон Капиштец – 070 984 435

    Хелен Дорон Чаир – ‎072 206 622

    Хелен Дорон Велес – 075 340 443

    Хелен Дорон Битола – 075 232 778

    Хелен Дорон Прилеп – 077 699 961

    Хелен Дорон Охрид – 077 613 815

    Хелен Дорон Штип – 078 757 455

    Хелен Дорон Гевгелија – 078 220 391

     

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира