СО ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ПРОТИВ СТРЕСОТ ЗА ДА БИДЕТЕ ХЕРОЈ НА СВОЕТО СРЦЕ, РЕКОА ЛЕКАРИТЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО

    СО ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ПРОТИВ СТРЕСОТ ЗА ДА БИДЕТЕ ХЕРОЈ НА СВОЕТО СРЦЕ, РЕКОА ЛЕКАРИТЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТОФизичка активност од половина час дневно, препорачуваат лекарите за подобро здравје. (Фото: Министерство за здравство)

    Повеќе овошје и зеленчук, физичка активност и помалку стрес беа пораките кои лекарите и здравствените работници ги дадоа на одбележувањето на 29 Септември – Светскиот ден на срцето, кој годинава во градски парк се одбележа под мотото „Биди херој на своето срце“.

    Д-р Елена Ќосевска, од Институтот за јавно здравје рече дека дури осумдесет отсто од предвремени смртни случаи од срцеви заболувања може да се избегнат, ако се воведат одредени промени.

    „Јаболкото е симбол на здрава храна. Секојдневно јадете пет порции овошје и зеленчук. Да се избегнуваат тестенини, пушењето, и треба физичка активност од најмалку триесет минути дневно“, вели д-р Ќосевска.

    Таа рече дека срцеви заболувања се почести кај жените и дека се помлади заболуваат.

    Здравствените тимови на луѓето им мереа шеќер во крвта и крвен притисок, и им даваа совети за здрави животни навики. Кардиоваскуларните болести се главна причина за смртност во светот, така и во земјава, каде лани починале околу десет илјади луѓе.

    Од Институтот за јавно здравје велат дека оваа бројка се намалува, дека луѓето почнуваат да внимаваат на себе и своето здравје, но дека мора уште многу да се зборува.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари