СОНДАТА „ИНСАЈТ“ УСПЕШНО СЛЕТА НА МАРС, ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА ВНАТРЕШНОСТА НА ПЛАНЕТАТА

    СОНДАТА „ИНСАЈТ“ УСПЕШНО СЛЕТА НА МАРС, ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА ВНАТРЕШНОСТА НА ПЛАНЕТАТАПотврдата за успешното приземјување на Марс дојде околу 20.50 часот по македонско време (Фото: НАСА илустрација)

    НАСА објави дека успешно приземјила нова роботска сонда на Марс по седумминутното драматично слетување на негова површина.

    Сондата „Инсајт“ ќе има задача да ја истражи внатрешната структура на Марс, единствената планета, покрај Земјата, на која се правени такви испитувања.

    Како што беше предвидено, потврдата за успешното приземјување дојде околу 20.50 часот по македонско време. Ова уследи по неизвесни седум минути, во текот кои сондата постојано, фаза по фаза, метар по метар, испраќаше информации за слетувањето. Контролата на мисијата во Калифорнија еруптираше од среќа кога стана јасно дека „Инсајт“ безбедно слетал на рамна површина во близина на екваторот на Марс, познат под името Елисиум Планитија.

    Во наредните неколку часа треба да пристигнат и првите снимки од Марс. За разлика од некои претходни мисии, „Инсајт“ нема да се движи наоколу, туку ќе истражува од едно место.

    „Инсајт“ влезе во атмосферата на Марс со хиперсонична брзина, користејќи комбинација од топлотен штит, падобран и ракети за да се приземји безбедно.

    Ова е прва мисија наменета за испитување на внатрешноста на планетата и научниците сакаат да дознаат од што е составена таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира