СОПРУЖНИЦИ НА 71 И 81 ГОДИНА СЕ СТЕПАЛЕ СО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТИ НЕ ГИ ПРИМИЛЕ НА ЗАБАР БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН

    СОПРУЖНИЦИ НА 71 И 81 ГОДИНА СЕ СТЕПАЛЕ СО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТИ НЕ ГИ ПРИМИЛЕ НА ЗАБАР БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН71-годишната жена се обидела насилно да влезе во ординацијата и се спротивставила кога сакале да ја отстранат, при што ја навредувала полицајката, а 81-годишниот сопруг пробал да ја ослободи. (Фото: ДПА)

    81-годишен маж во Баварија се обидел да ја ослободи својата сопруга од полициски притвор, откако таа одбила да ја напушти стоматолошката ординација, соопштија властите. Полицијата била повикана во ординацијата вчера попладне во градот Халштат, откако 71-годишната жена одбила да ја напушти и покрај тоа што немала закажан термин.

    Полицајците рекоа дека таа се обидела насилно да влезе во ординацијата и се спротивставила кога сакале да ја отстранат, при што ја навредувала полицајката. Жената била врзана со лисици и изнесена од стоматолошката ординација. Нејзиниот сопруг интервенирал во обид да ја ослободи, но не успеал, соопшти полицијата.

    Парот подоцна се смирил и му било дозволено да се врати дома. Нема информации за повредени. Полицијата сега води истрага против двајцата за различни прекршоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира