„СПЕЈС ЕКС“ НА ИЛОН МАСК ИСПРАТИ ЧЕТИРИ АСТРОНАУТИ НА ПРВИОТ ПРИВАТЕН ТАКСИ ЛЕТ ВО ВСЕЛЕНАТА

    „СПЕЈС ЕКС“ НА ИЛОН МАСК ИСПРАТИ ЧЕТИРИ АСТРОНАУТИ НА ПРВИОТ ПРИВАТЕН ТАКСИ ЛЕТ ВО ВСЕЛЕНАТАНа летот се наоѓаат тројца Американци и еден Јапонец, чие патување ќе трае 27 часови (Фото: АП)

    „Спејс Екс“ на Илон Маск успешно лансираше четири астронаути кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) на првиот вистински такси лет што за НАСА го изведе приватна компанија. На летот се наоѓаат Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Главер и Шенон Вокер и искусниот јапонски астронаут Соичи Ногучи и нивното пристигнување на ИСС се очекува утре во утринските часови по македонско време.

    „Ова беше едно лудо полетување. Имаше многу насмевки“, кажа Хопкинс од капсулата „Кру дрегон“.

    Компанијата на Маск ги обезбеди и капсулата и ракетата за мисијата, откако НАСА почна нова ера во која рутинските летови со астронаути во ниската орбита на Земјата ќе ги изведуваат комерцијални партнери. „Спејс Екс“ потпиша договор со НАСА од три милијарди долари за развој, тестирање и лансирање на астронаутска такси служба.

    Летот треба да трае 27 часови, од кои патниците ќе одмораат осум часа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира