„СРЕЌЕН ПОНЕДЕЛНИК“ – НОВА НАГРАДНА ИГРА НА „ШПАРКАСЕ БАНКА“

    „СРЕЌЕН ПОНЕДЕЛНИК“ – НОВА НАГРАДНА ИГРА НА „ШПАРКАСЕ БАНКА“Наградната игра ќе трае од 6 ноември до 31 декември

    Шпаркасе банка Македонија“ од денеска ја стартува наградната игра „Среќен понеделник“ за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички „Мастеркард“.

    Во периодот од 6 ноември до 31 декември, клиентите на банката ќе имаат можност да освојат дневни (5.000 денари) и неделни награди (50.000), а најсреќниот добитник ќе биде побогат за 500.000 денари.

    Во наградната игра ќе може да се учествува со секоја поединечна трансакција во износ од над 300 денари и колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка.

    Вкупно ќе бидат доделени 56 дневни и осум неделни награди, а извлекувањето на главната награда од 500.000 денари ќе се одржи на 9 јануари, во просториите на дирекцијата на „Шпаркасе банка Македонија АД Скопје“. Таа ќе биде извлечена од сите трансакции направени во текот на наградниот период.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира