СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПРОМОВИРАШЕ КНИГАТА „ПОГЛЕД КОН ВНАТРЕ”

    СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПРОМОВИРАШЕ КНИГАТА „ПОГЛЕД КОН ВНАТРЕ”Делото е компилација на 127 текстови, објавувани во две печатени изданија, дневниот весник „Дневник“ и неделникот „Граѓански“. - Пендаровски со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на промоција (Фото: СДК.МК)

    Стево Пендаровски, професор на Американ колеџ во Скопје и претседателски кандидат на изборите во 2014 година, вечерва ја промовираше својата книга „Поглед кон внатре“.

    Од малкуте присутни политичари, беше премиерот Зоран Заев, единствениот можеби претставник од владејачката партија, за кого во говорот Пендаровски кажа нивна интерна шега:

    „Посебно го поздравувам Зоки, со кого неодамна бевме на промоција на книга и ветувам, нема да откриваме атентатори“.

    Делото негово е компилација на 127 текстови, објавувани во две печатени изданија, дневниот весник „Дневник“ и неделникот „Граѓански“, во периодот 2009-2013 година. Академик Луан Старова му беше прв промотор на книгата, а по него режисерот Александар Поповски, кој се обрати на видеобим во Кино Култура, кај што беше промоцијата.

    Поповски објасни зошто со писмо дал поддршка на кандидатурата на Пендаровски за претседател, а за книгата рече дека е како некој да ја склопил нашата понова историја на едно место, низ текстови и колумни.

    „Драго ми е што Македонија почна да се позиционира дома и во светот врз една реална историја и географија. Драго ми е и се гордеам со тоа што бев дел од движењето за уривање на еден авторитативен режим“, рече Пендаровски.

    На промоцијата беа професори, студенти, уметници, новинари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира