СТИГНУВА НОВИОТ СУПЕРСОНИЧЕН АВИОН ПОБРЗ ОД „КОНКОРД“

    СТИГНУВА НОВИОТ СУПЕРСОНИЧЕН АВИОН ПОБРЗ ОД „КОНКОРД“И покрај другите авионски производители како што се „Боинг“ и „Локид Мартин“, кои развиваат свои суперсонични вселенски летала, „Вирџин“ и „Бум“ се надеваат дека ќе ја победат конкуренцијата на пазарот, бидејќи авионот користи постоечка технологија која веќе е одобрена од регулаторите;- внатрешноста на новиот „бум суперсоник џет“

    Британскиот бизнисмен Ричард Брансон го претстави прототипот за новиот суперсоничен авион кој ќе постави нов брзински рекорд на патување, односно ќе може да лета од Лондон до Њујорк за само три часа и 15 минути.

    Моделот XB-1, чиј прекар стана „бејби бум се смета за најбрзиот цивилен воздухоплов во светот и притоа ветува дека ќе им овозможи на патниците достапно суперсонично патување. Првиот комерцијален лет не се очекува до 2023, а цената на летот помеѓу Лондон и Њујорк би изнесувала 2.500 фунти за еден правец. Новиот авион има крстостувачка брзина од 2,2 маха или 10 проценти побрзо од брзината на “конкорд“. Новите авиони се изградени за да носат 40 патници одеднаш.

    И покрај другите авионски производители како што се Боинг и Локид Мартин, кои развиваат свои суперсонични вселенски летала, Вирџин и Бум се надеваат дека ќе ја победат конкуренцијата на пазарот, бидејќи авионот користи постоечка технологија која веќе е одобрена од регулаторите.

    Дизајнерите на ‘конкорд’ немаа технологија за суперсонично патување, но ние сега имаме, рече Блејк Шол, извршен директор и основач на „Бум“, додавајќи дека компанијата го очекува првиот лет на „бум“ кон крајот на следната година. 

    Првиот субсоничен тестирачки лет на XB-1 ќе се одржи источно од Денвер, Колорадо, додека суперсоничните тестирачки летови ќе се одржат во близина на воздухопловната база Едвардс во Јужна Калифорнија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира