СТУДЕНТ ПРИЈАВИЛ БОМБА ВО АВИОН ЗА ДА НЕ МУ ДОЈДАТ РОДИТЕЛИТЕ НА ПОСЕТА

    СТУДЕНТ ПРИЈАВИЛ БОМБА ВО АВИОН ЗА ДА НЕ МУ ДОЈДАТ РОДИТЕЛИТЕ НА ПОСЕТАСтудентот е приведен и обвинет за загрозување на безбедноста на авион во лет (Фото: Ројтерс)

    Авион на компанијата „Изиџет“, кој летал на релацијата Лион-Рен, бил вратен назад, откако примил закана дека во него се наоѓа бомба. Истрагата утврдила дека заканата е лажна и дека била испратена од еден студент, кој на тој начин сакал да ги спречи неговите родители да го посетат.

    Инцидентот се случил на 18 јануари и 23-годишен студент е обвинет за испраќање анонимен повик, поради кој авионот бил принуден да се врати во Лион за да биде истражен. Откако било откриено кој го испратил повикот, студентот бил приведен и обвинет за „лажно загрозување на безбедноста на авион во лет“, објави весникот „Индипендент“.

    „Изиџет“ во официјална изјава потврди дека авионот бил вратен поради „сериозен безбедносен проблем“.

    „Авионот слета безбедно и беше дочекан од полиција и противпожарна бригада, согласно процедурите. Патниците нормално излегоа“, соопшти авиокомпанијата.

    Нејасно е зошто студентот толку не сакал да си ги види родителите, а ако биде обвинет, се соочува со пет години затвор и казна од 85.000 долари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари