СУШИ РЕСТОРАН ПЛАТИ 1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ТУНА НА АУКЦИЈА ВО ТОКИО

    СУШИ РЕСТОРАН ПЛАТИ 1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ТУНА НА АУКЦИЈА ВО ТОКИОТуната продадена на аукција е тешка 276 килограми. (Фото: Кјодо)

    Наддавач плати 1,3 милиони евра за туна на рибен пазар во Токио, што е втора најголема цена на традиционалната новогодишна аукција.

    Групацијата на суши ресторани „Онодера“ соопшти дека платила 207 милиони јени за туната тешка 276 килограми. Оваа групација веќе пет години нуди најмногу пари на аукцијата, со што добива престиж и големо медиумско внимание во Јапонија.

    „Првата туна е нешто што треба да носи среќа. Нашата желба е луѓето да ја изедат и да имаат прекрасна година“, велат од компанијата.

    „Онодера“ лани плати 114 милиони јени за туна на новогодишната аукција.

    Сепак, најмногу беше платена туна во 2019 година, кога друг ланец на суши ресторани „Суши Занмаи“ плати 333,6 милиони јени.

    За време на пандемијата на ковид-19, на аукцијата беа драстично намалени цените, бидејќи луѓето помалку одеа во ресторани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира