СВЕТИЛИШТЕ СТАРО 2.000 ГОДИНИ ИСКОПАНО ВО ПОМПЕЈА

    СВЕТИЛИШТЕ СТАРО 2.000 ГОДИНИ ИСКОПАНО ВО ПОМПЕЈАСветилиштата биле вообичаен дел од римските живеалишта. Но, само побогатите луѓе можеле да си дозволат ларариум внатре во специјален простор, со базен и раскошни декорации (Фото: ЕПА)

    На истражувањето на локалитетот на античкиот римски град Помпеја во Италија, багерите ископаа античко светилиште, опкружено со идилични слики со растенија, змии и паун.

    Главниот археолог на истражувањето, Масимо Осана вели дека храмот е исклучителен, не само поради неверојатната декорација на ѕидовите, туку и поради фактот дека бил многу добро сочуван.

    Светилиштето познато како ларариум, е вградено во ѕид на куќа и е декорирано со слики на римски богови, на кои биле посветени ритуалите во домаќинството. Собата, како и целата куќа, сѐ уште не е целосно ископана, но од досегшните наоди утрвдено е дека има и градина и мал базен.  Во олтарот на светилиштето има изгорени остатоци стари речиси 2.000 години.

    Светилиштата биле вообичаен дел од римските живеалишта.

    Како и повеќето римски ѕидни слики, муралот содржи Елементи на визуелна илузија: насликаниот паун изгледа како да оди низ реална градина (Фото: ЕПА )

    „На некој начин, секоја куќа имала ларариум. Но само побогатите луѓе можеле да си дозволат ларариум внатре во специјална соба, со базен и раскошни декорации“, рече Ингрид Роуланд, професорка на Униврзитетот на Нотрдам.

    Како и повеќето римски ѕидни слики, муралот содржи елемени на визуелна илузија:  насликаниот паун изгледа како да оди низ реална градина, а змијата се влече по крајот на рамката.

    Змии, птици и дрвја се типични за ваков вид на светилишта. Според Осана, јајцата кои се насликани во олтарот симболизираат плодност, а пак изгорените остатоци кои се најдени веројатно се производи од храна, кои исто така се симболи на плодноста како јајца, јаткасти производи и смокви.

    Осана вели дека првото истражување на локалитетот датира од 1748 година, и оттогаш повеќете биле деструктивни, бидејќи археолозите во минатото не биле многу внимателни во работатат и документирањето.

    Професорката од Кембриџ, Мери Биард вели дека една третина од Помпеја е неистражена и дека е возбудливо очекувањето да се види какви се не откритија ќе следат во иднина со развојот на новите технологии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира