СВЕТСКИТЕ БОГАТАШИ ДОЈДОА ВО ИНДИЈА НА ТРИДНЕВНА ПРЕДБРАЧНА ГАЛА ЗА СИН МУ НА НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО АЗИЈА МУКЕШ АМБАНИ

    СВЕТСКИТЕ БОГАТАШИ ДОЈДОА ВО ИНДИЈА НА ТРИДНЕВНА ПРЕДБРАЧНА ГАЛА ЗА СИН МУ НА НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО АЗИЈА МУКЕШ АМБАНИАнант Амбани (четвртиот од лево) и неговата долгогодишна девојка Радика Мерчант (трета од лево) ќе се венчаат во јули. (Фото: Гети)

    Кога синот на најбогатиот човек во Азија се жени, татко му прави тридневнa предбрачнa гала забава четири месеци пред вистинската свадба. Тајкуни од целиот свет, шефови на држави, како и холивудски и боливудски ѕвезди вчера дојдоа во малиот западен индиски град Џамнагар, каде милијардерот индустријалец Мукеш Амбани започнува голема свадбена прослава за својот најмлад син. На списокот на гости од речиси 1.200 лица се поп-ѕвездата Ријана, Бил Гејтс, Марк Закерберг, Сандер Пича, Иванка Трамп и боливудската ѕвезда Шах Рук Кан.

    Сите погледи се вперени во Анант Амбани (28) и неговата долгогодишна девојка Радика Мерчант (29), кои ќе се венчаат во јули. Радика е ќерка на Вирен Мерчант, извршен директор на „Енкор хелткер“, и претприемачот Шаила Мерчант. Ваквите свечености се во чекор со традицијата на семејството Амбани на раскошни и неверојатни забави, истовремено прикажувајќи го економското и политичкото влијание на индискиот милијардер.

    66-годишниот Мукеш Амбани во моментов е 10-ти најбогат човек во светот со нето богатство од 115 милијарди долари, според Форбс. Тој е и најбогатиот човек во Азија. Неговата компанија „Рилајанс индустрис“ е огромен конгломерат, со годишен приход од над 100 милијарди долари, со бизниси кои се движат од петрохемикалии, нафта и гас до телекомуникациски и малопродажба.

    Во средата, Радика и Анант учествуваа на настанот на семејството Амбани кое организираше бесплатна храна за заедницата од 51.000 луѓе кои живеат во околните села. (Фото: Гети)

    Под водство на Амбани, „Рилајанс“ – основана од неговиот татко во 1966 – предизвика војна за цените на телекомуникациите со лансирањето на 4Г телефонот и услугата за широкопојасен интернет Џио во 2016. Денес, има повеќе од 420 милиони претплатници и нуди 5Г услуги. Оваа недела, „Дизни“ склучи договор вреден 8,5 милијарди долари за спојување на својот индиски бизнис со „Рилајанс индустрис“, формирајќи нов медиумски гигант.

    Семејството Амбани поседува, меѓу другите имоти, приватна станбена зграда од 27 ката, наречена Антила, вредна 1 милијарда долари во Мумбаи. Има три хелиодроми, гаража со 160 автомобили, приватно кино, базен и фитнес центар.

    Критичарите на Амбани велат дека неговата компанија процветала главно поради политичките врски за време на владите на Конгресната партија во 1970-тите и 1980-тите години, а потоа и под владеењето на премиерот Нарендра Моди по 2014. Тие велат дека „врскаџискиот капитализам“ во Индија им помогнал на одредени корпорации, како што е Амбани, да цветаат.

    Мукеш Амбани (66) почна да им го предава бизнисот на своите два сина и ќерка. Најстариот син, Акаш Амбани, сега е претседател на „Рираланс Џио“; неговата ќерка Иша ја надгледува малопродажбата; а најмладиот, Анант – кој ќе се венча во јули – е примен во новиот енергетски бизнис.

    Марк Закерберг и сопругата Присила Чан се дел од 1.200 гости, меѓу кои се и се поп-ѕвездата Ријана, Бил Гејтс, Сандер Пича, Иванка Трамп и боливудската ѕвезда Шах Рук Кан. (Фото: АП)

    Тридневниот предсвадбен пир нуди поглед на раскошот што се очекува на јулската свадба. Семејството Амбани го слави во родниот град на семејството Јамнагар – град со околу 600.000 жители во речиси пустински дел на државата Гуџарат – каде што ја имаат и главната нафтена рафинерија на бизнисот. Гостите ќе носат облека на тема џунгла за да го посетат центарот за спасување животни управуван од идниот младоженец, Анант. Познат како „Вантара“ или „Ѕвезда на шумата“, во центарот на околу 1.200 хектари се сместени малтретирани, повредени и загрозени животни, особено слонови.

    Во поканата, исто така, се вели дека гостите ќе го започнуваат секој ден со нов кодекс на облекување, со армија стилисти за коса, шминкери и индиски дизајнери на облека во нивниот хотел за да им помогнат да се подготват. Ќе има и традиционални хинду церемонии во комплекс храмови.

    На гостите, од кои многумина пристигнуваат со изнајмени авиони, ќе им бидат послужени 500 јадења создадени од околу 100 готвачи. На листата на гости е и Мохамед Бин Џасим ал Тани, премиерот на Катар; Стивен Харпер, поранешен канадски премиер; и кралот на Бутан Џигме Кесар Намгјал Вангчук и кралицата Џетсун Пема.

    Во средата, семејството Амбани организираше бесплатна храна за заедницата од 51.000 луѓе кои живеат во околните села.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира