ТАЈЛАНДСКИ ИЗМАМНИК ОСУДЕН НА 13.275 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ТАЈЛАНДСКИ ИЗМАМНИК ОСУДЕН НА 13.275 ГОДИНИ ЗАТВОРТој успеал да убеди 40.000 луѓе да вложат пари во неговите компании, ветувајќи им големи добивки

    Тајландски суд осуди еден финансиски измамник на повеќе од 13.000 години затвор.

    Триесет и четиригодишниот Пудит Кититрадилок признал дека организирал и водел пирамидална шема, при што на инвеститорите им ветувал ненормално високи финансиски добивки.

    Тој успеал да убеди 40.000 луѓе да вложат по најмалку 160 долари во неговите компании.

    Судот притоа успеал да му открие 2.653 случаи на измама, за што добил 13.275 години затвор. Сепак, благодарение на неговото признание, казната му била преполовена на 6.637 години.

    Кититрадилок, сепак, нема да остане доживотно во затвор, бидејќи тајландскиот закон предвидува максимална казна од десет години за секое од двете дела за коишто е осуден. Тој ќе мора да им исплати вкупно 17 милиони долари на 2.653-те идентификувани жртви на неговата шема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира