ТАЈЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР ДОНЕСЕ СВОЈА КАРТОНСКА ВЕРЗИЈА ЗА ДА ИЗБЕГНЕ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА

    ТАЈЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР ДОНЕСЕ СВОЈА КАРТОНСКА ВЕРЗИЈА ЗА ДА ИЗБЕГНЕ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА„Прашувајте го овој тип“, кажа премиерот Прајут Чан-очоа и си замина од прес-конференцијата (Фото: АП)

    Премиерот на Тајланд смисли необичен начин како да избегне непријатни новинарски прашања, па на прес-конференција донесе своја картонска верзија во природна големина. Прајут Чан-очоа се појави на пресот во Бангкок, но место тој да одговара на прашањата, негов соработник постави картон со отпечатена фигура на премиерот.

    „Ако сакате да поставите какви било прашања за политиката или за други проблеми, прашајте го овој тип“, кажа Прајут.

    Тој потоа си стана и замина од прес-конференцијата, оставајќи ги присутните вчудовидени.

    Ова не е првпат Прајут, генерал кој ја презеде власта со државен удар во 2014 година, да се мајтапи со медиумите. Тој еднаш фрли кора од банана кон камермани, а на еден новинар кој ја критикуваше владата на шега му се закани дека ќе го егзекутира.

    Прајут вети избори во ноември, што веќе неколку пати ги откажуваше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира