ТАЈВАН ВО ПАНИКА БИДЕЈЌИ СНЕМУВА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА

    ТАЈВАН ВО ПАНИКА БИДЕЈЌИ СНЕМУВА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈАПроизводителите наводно ги известиле трговците дека цените ќе пораснат од десет до 30% наредниот месец (Фото: Гети)

    Тајванските власти покренаа истрага откако планот на локалните производители да ги зголемат цените на тоалетната хартија доведе до панично купување на големи количества низ земјата.

    Комисијата за заштита на конкурентноста (ФТЦ) испитува дали производителите договориле колективна акција да ги покачат цените, со цел да извлечат поголем профит.

    Како резултат на вакви најави, тоалетната хартија буквално ја снема од полиците на продавниците викендов. Производителите наводно ги известиле трговците дека цените ќе пораснат од десет до 30% наредниот месец.

    „Ваквите колективни акции кои имаат за цел зголемување на цените и акумулирање ги прекршуваат правилата на фер трговија и обвинителите веќе почнаа истрага“, изјави директорот на ФТЦ, Чанг Ен-шенг.

    Тоалетната хартија станува сѐ поскапа како резултат на зголемувањето на цените на суровините, што, меѓу другото, се должи на шумските пожари во Канада и прекинот на производството во Бразил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира