ТАТКО И СИН ЗА ДВА ЧАСА ЈА ДЕКОДИРАЛЕ ПОРАКАТА ШТО НАСА ЈА ОСТАВИ ВО ПАДОБРАНОТ НА РОВЕРОТ „ПЕРСЕВЕРАНС“

    ТАТКО И СИН ЗА ДВА ЧАСА ЈА ДЕКОДИРАЛЕ ПОРАКАТА ШТО НАСА ЈА ОСТАВИ ВО ПАДОБРАНОТ НА РОВЕРОТ „ПЕРСЕВЕРАНС“Пораката „Осмели се да правиш моќни работи“ е напишана со декорации во вид на црвени и бели ознаки (Фото: НАСА)

    Кога роверот „Персеверанс“ се спушти на површината на Марс минатата недела за да ја почне својата историска потрага по траги на живот, инженерите на НАСА навестија дека во падобранот има скриена порака.

    Камерата која го сними слетувањето на роверот покажа декорации на падобранот во вид на црвени и бели ознаки и Ален Чен, инженерот одговорен за системот за слетување, ги повика сите да се обидат да откријат за што станува збор.

    „Понекогаш оставаме пораки во нашата работа“, изјави Чен.

    Максанс Абела, 23-годишен студент по компјутерски науки од Париз, веднаш сфатил дека навидум обичен шаблон на падобранот содржи код. Тој го повикал својот татко Жером, софтверски инженер од лондонската канцеларија на „Гугл“, за да го решат.

    „Сакаме вакви мали предизвици. Не мислевме дека можеме да го решиме, но си рековме барем да се обидеме“, изјави Абела.

    Само два часа по изјавата на Чен, синот и таткото Абела излегоа со решението на скриената порака, напишана во бинарен код, откривајќи дека таа гласи „Dare Mighty Things“ (Осмели се да правиш моќни работи). Тоа е мотото што често го користи Лабораторијата за млазен погон на НАСА во Калифорнија, која го изгради „Персеверанс“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира