ТАТКОТО НА БРИТНИ СПИРС СЕ СОГЛАСИ ВЕЌЕ ДА НЕ Ѝ БИДЕ СТАРАТЕЛ

    ТАТКОТО НА БРИТНИ СПИРС СЕ СОГЛАСИ ВЕЌЕ ДА НЕ Ѝ БИДЕ СТАРАТЕЛЏејми Спирс беше старател на Бритни од 2008 (Фото: АП)

    Таткото на Бритни Спирс се согласи веќе да не биде нејзин старател. Кариерата на поп ѕвездата беше во рацете на правни застапници откако во 2008 година се појавија грижи за нејзиното ментално здравје. Со судска одлука, Џејми Спирс тогаш презеде контрола врз нејзиниот имот и други аспекти од животот.

    Спирс изминативе години бараше да се прекине старателството, опишувајќи го како злоставување.

    „Ми беше ускратена желбата да имам уште деца и бев ставена на терапија со валиум спротивно на мојата волја“, кажа Спирс на судското сведочење во јуни годинава.

    Џејми Спирс ги негираше сите обвинувања.

    Старателството беше поделено на два дела: едно за нејзините имот и финансии и друго за неа како личност, од што Џејми Спирс се повлече пред две години.

    „Ова е голема победа за Бритни и чекор напред кон правдата“, изјави адвокатот на пејачката Метју Розенгарт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира