ТЕЛЕВИЗИЈАТА ЕСПН ПОВЛЕЧЕ ВОДИТЕЛ ОТИ ИМА ИСТО ИМЕ КАКО КОНФЕДЕРАЦИСКИ ГЕНЕРАЛ

    ТЕЛЕВИЗИЈАТА ЕСПН ПОВЛЕЧЕ ВОДИТЕЛ ОТИ ИМА ИСТО ИМЕ КАКО КОНФЕДЕРАЦИСКИ ГЕНЕРАЛРоберт Ли нема да го пренесува фудбалскиот натпревар од Шарлотсвил заради негова сопствена заштита, велат од телевизијата. (Фото: принтскрин/ЕСПН)

    Американската телевизија „ЕСПН“ повлече водител од својата програма, бидејќи неговите име и презиме асоцираат на водечкиот конфедерациски генерал, чии статуи почнаа масовно да се отстрануваат низ САД, како реакција на неодамнешните насилни протести во Шарлотсвил, во кои што загина една девојка.

    ТВ-мрежата објави дека Роберт Ли нема да го пренесува фудбалскиот натпревар, што ќе се игра на 2 септември токму во Шарлотсвил, не затоа што неговото име може да навреди некого, туку заради негова сопствена заштита.

    „Донесовме колективна одлука Роберт Ли да не го пренесува овој натпревар поради чиста коинциденција со неговото име. Така е најдобро за сите“, соопшти „ЕСПН“.

    Роберт Едвард Ли ја предводеше конфедерациската армија во американската граѓанска војна и најавите за уривање на неговата статуа во Шарлотсвил предизвикаа жестока реакција на тамошните националисти и нео-нацисти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира