ТРАМП САКА ПОГОЛЕМ АВИОН ОД ЕМИРОТ НА КУВАЈТ, НО ДА БИДЕ ПОЕВТИН

    ТРАМП САКА ПОГОЛЕМ АВИОН ОД ЕМИРОТ НА КУВАЈТ, НО ДА БИДЕ ПОЕВТИНПретседателскиот авион на САД е икона. Се смета за симбол на глобалното вијание што го има американската диипломатија и сила - Трамп влегува во Боингот 747 со ознака Ер Форс Уан (Фото: ЕПА)

    Како бизнисмен со самодоверба, кој се гордее за својата способност за склучување договори, за новиот претседателски aвион Трамп истовремено бара ем голема машина, ем нешто со што би заштедил пари на даночните обврзници. Тој веднаш по изборите на својот твитер профил објави дека сака да ги намали трошоците за новиот претседателски авион, но истовремено завидливо рече дека претседател на друга држава, емирот на Кувајт, имал поголем авион од авионот на претседателот на САД.

    Првите луѓе на Боинг минатата недела објавија дека дека склучиле нов договор за редизајнирање на претседателскиот авион. „Ќе направиме сé што е можно за да ги намалиме трошоците“, рече портпаролот на Боинг.

    Првите луѓе на Боинг минатата недела објавија дека дека склучиле нов договор за редизајнирање на претседателскиот авион – (Фото: ЕПА)

    Претседателскиот авион на САД е икона. Се смета за симбол на глобалното вијание што го има американската дипломатија и сила. Првиот „Ер форс уан’ полета во 1959  со претседателот Ајзенхауер. Тогаш беше обоен во црвена и златна боја.

    Претседателот Џон Ф. Кенеди ги смени боите во сина и бела, нешто што му го даде посебниот лик кој и ден денес го карактеризира претседателскиот авион.

    Ер Форс Уан со претседателот Никсон на лондонсиот аеродром Хитроу во 1970 – (Фото. Фети)

    Флотата претседателски авиони е паркирана во базата на воздухопловните сили во Мериленд. Пред заминување за Њујорк минатата недела на Генералното собрание на ОН, Трамп пред полетување се прошета меѓу нив. Авионите се во разни големини, со сина и бела боја и на нив е напишано „Соединети Американски Држави“. Било кој од тие авиони би можел да полета како „Ер форс уан“ – (Air Force One), ознаката со која во воздухопловството се препознава дека во тој авион се наоѓа претседателот на САД.

    Најпознатиот од авионите е џамбо џет од типот Боинг 747-200. Во авионот има повеќе простории, една од нив е со дебел ќилим, ротирачки седишта како и маса резервирана за најблиските соработници од Белата Куќа.  Тој авион се користи главно за долги летови.

    „Бејби ер форс уан“ од времето на Клинтон (1994) – (Фото: Гети)

    За Њујорк, Трамп леташе со помал авион од типот Боинг 757. Го викаат „Бејби ер форс уан“ . Ги има сите безбедносни карајтеристики како џамбо џетот, и иако е многу помал, ги има и сите луксузни детали.

    Има само неколку разлики помеѓу авионот на Трамп и тој на Обама. Авионот на поранешниот претседател беше со потпис на Обама и за време на летовите на екраните одеше програмата на Си-Ен-Ен. Кај Трамп, на екранот постојано стои Фокс Њуз. Инаку, авионот е истиот.

    Трамп негодувал само околу нежноста на материјалот од кој се направени крпчињата за миење раце. Тој сакал понежен материјал и најверојатно крпчињата ќе бидат заменети.

    Неколку недели по изборите, Трамп соопшти дека за претседателот на САД ќе се прави нов авион но се пожали дека „ трошоците се тотално луди, повеќе од 4 милијарди долари“. И рече. „Откажете ја нарачката!“

    Хартиени марамчиња со потписот на Трамп (Фото: Би Би Си)

    Оттогаш, задолжените за одржување на флотата „Ер форс уан“ се обидуваат да глумат скромност. Тие неодамна нарачаа два Боинга 747-8, наводно по поволна цена. Барем велат дека цената е поволна, иако никогаш не е откриена. Не се знае зошто.

    Новиот авион 747-800 ќе го замени стариот модел, 747-200Б, но нема да биде готов за уште неколку години.  Тој ќе ги има истите карактеристики –  одбранбени мерки и други луксузни работи.  И ќе биде поголем, со крилото речиси 9 метри подолго од стариот. Токму така како што му се допаѓа на шефот.

    Иако, додека стаса новиот авион ќе поминат повеќе  години, па можеби Трамп нема да се вози во него. Ќе го користи некој иден претседател.

    Освен што служи како превозно средство за претседателот, авионот има неколку важни карактеристики. На пример може да го издржи електромагнетниот пулс од нуклеарна експлозија.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира