ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ ЗАПЛЕТКА ВО ЗМЕЈ НА ФЕСТИВАЛ ВО ТАЈВАН И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ (ВИДЕО)

    ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ ЗАПЛЕТКА ВО ЗМЕЈ НА ФЕСТИВАЛ ВО ТАЈВАН И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ (ВИДЕО)Девојчето било спасено неповредено откако повеќе од 30 секунди било во воздух

    Тригодишно девојче од Тајван се заплетка во жиците на змеј и беше крената високо во воздух пред шокираните набљудувачи, пред да биде спасена неповредена. Инцидентот се случи на фестивалот во летање змејови, што се одржа вчера во градот Нанлијао,

    На видеоснимките објавени во тајванските медиуми се гледаат неколкумина работници од фестивалот како се мачат да го задржат огромниот змеј на силниот ветер пред тој да биде лансиран. Воодушевувањето на присутните набргу било заменето со вресоци откако сфатиле дека девојче е заплеткано во опашката на змејот.

    Таа била во воздух повеќе од 30 секунди, пред змејот да биде спуштен на помала висина, што овозможи девојчето да биде спасено. Медиумите објавија дека девојчето било уплашено, но немало физички повреди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира