Тригодишно девојче беше прогласено за новата жива божица на Катманду (Непал) од страна на хиндуистички свештеници и беше одведено во палата во историскиот центар на градот, каде што ќе остане додека не влезе во пубертет.
Носејќи црвен фустан, малата Тришна Шакја беше земена од нејзиниот дом, по што и беше приредена кратка иницијациска свеченост, за да стане нова Кумари. Таа отсега ќе живее во храмот, каде што ќе биде под заштита на посебни чувари.
„Моите чувства се измешани. Мојата ќерка стана Кумари и тоа е добра работа, но тажни сме, затоа што отсега ќе бидеме разделени“, изјави таткото на Тришна.
Како Кумари, Шакја се смета за отелотворение на хиндуистичката божица Талеју и отсега ќе и биде дозволено да го напушти храмот само 13 пати годишно во специјални денови на пост.
Во чест на новата божица, во храмот ќе се изведе жртвување на животни. Во минатото биле убивани 108 говеда, кози, кокошки и пајки, но оваа бројка во поново време е намалена под притисок на јавноста.