ТУРКМЕНИСТАН ЌЕ ГО ГАСИ ОГНОТ ВО „ПОРТАТА НА ПЕКОЛОТ“

    ТУРКМЕНИСТАН ЌЕ ГО ГАСИ ОГНОТ ВО „ПОРТАТА НА ПЕКОЛОТ“„Портата на пеколот“, оган што гори со децении во огромен пустински кратер со гас,е една од најпопуларните туристички атракции во Туркменистан. (Фото: Гети)

    Претседателот на Туркменистан нареди да се изгаси „Портата на пеколот“ во земјата, оган што гори со децении во огромен пустински кратер со гас. Гурбангули Бердимухамедов сака огнот да се изгаси поради еколошки и здравствени причини, како и дел од напорите за зголемување на извозот на гас.

    Мистеријата го опкружува создавањето на кратерот Дарваза во пустината Каракум. Многумина веруваат дека се формирал при неуспешната советска операција за дупчење во 1971 година. Но, канадскиот истражувач Џорџ Курунис ги испитал длабочините на кратерот во 2013 и открил дека никој всушност не знае како започнал. Според локалните туркменски геолози, огромниот кратер се формирал во 1960-тите, но бил запален дури во 1980-тите, со надеж дека ќе изгори гасот.

    Кратерот е една од најпопуларните туристички атракции во Туркменистан. Имаше бројни обиди да се изгаси огнот, како во 2010 кога Бердимухамедов исто така им нареди на експертите да најдат начин да го изгаснат пламенот. Во 2018, претседателот официјално го преименуваше во „Сјајот на Каракум“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира