ТУРЦИЈА ЌЕ ИСПОРАЧА 13 ТОНИ ЦВЕЌЕ ВО АНГЛИЈА ЗА ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТА И НЕ МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ СО НАРАЧКИТЕ

    ТУРЦИЈА ЌЕ ИСПОРАЧА 13 ТОНИ ЦВЕЌЕ ВО АНГЛИЈА ЗА ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТА И НЕ МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ СО НАРАЧКИТЕНарачките за сечено цвеќе пораснале за 90% по смртта на кралицата (Фото: АП)

    Турските цвеќари почнале да испраќаат цвеќиња во Велика Британија со товарни авиони, со цел да ја задоволат огромната побарувачка што се појави по смртта на Елизабета Втора. Нарачките за сечено цвеќе пораснале за 90% по смртта на кралицата, но турските цвеќари биле во можност да исполнат само 40% од побарувачката.

    „Крај на сезоната е во Анталија. Сега сме во период кога се намалува производството на висорамнините во јужната провинција Испарта“, изјави Селџук Челеби, член на Стоковната берза од Анталија.

    Поради досега невидената побарувачка, цвеќарите почнале да ангажираат авиони место да користат камиони, со цел транспортот да се намали од една недела на еден ден.

    Товарната подружница на „Туркиш ерлајнс“ почнала да превезува над 500.000 цвеќиња, кои тежат околу 13 тони, за потребите на погребот на кралицата.

    „Од почетокот на оваа недела, ‘Туркиш карго‘ дневно испорачува околу четири тони цвеќиња во Англија. Меѓу 5 и 12 септември, извозот на цвеќиња од Турција во Англија порасна за 40% во споредба со истиот период лани“, соопшти „Туркиш ерлајнс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира