ТВИТЕР ОДБИВА ДА СПРОВЕДЕ НАРЕДБА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА КРИТИЧАР НА ТРАМП

    ТВИТЕР ОДБИВА ДА СПРОВЕДЕ НАРЕДБА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА КРИТИЧАР НА ТРАМПАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да дознае кој стои зад критичкиот профил на Твитер. (Фото: АП)

    Социјалната мрежа Твитер поднесе тужба за да ја блокира наредбата на американскиот Оддел за домашна безбедност со која се бара откривање корисникот на профил на Твитер, кој ги критикува имигрантските политики на претседателот Доналд Трамп.

    Твитовите од профилот @ALT_uscis укажуваат дека тој се одржува од некој вработен во секторот за Домашна безбедност во Службата за граѓанство и емиграција.

    Застапниците на слободниот говор рекоа дека наредбата на Одделот за домашна безбедност е првпат властите да се обидат да ја употребат својата моќ за да откријат извор на анонимна критика, нешто што, доколку успее би имало „застрашувачки ефекти врз говорот на тој профил“, како и врз други профили, кои се заканa за власта на САД, соопшти Твитер.

    Главниот аргумент на компанијата Твитер е дека дозволувањето на власта да ги открие критичарите на Твитер, го крши Првиот амандман на Уставот за Правото на слободен говор. Твитер ги брани правата на слободен говор на сите свои корисници – став којшто го застапува со години, а најзабележителен беше за време на протестите на Арапската пролет во 2011. Тоа право, вели компанијата, е особено важно кога се зборува за политичкиот говор.

    Твитер се плаши дека властите може да  го казнат лицето или лицата одговорни за профилот. Оваа наредба „би можела да претставува токму таа официјална одмазда, последица на говор кој ги критикува владините функционери и агенции“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира