УКРАДЕНИТЕ БЕБИЊА ОД ВОЕНАТА ХУНТА ВО АРГЕНТИНА СЕ СПОЈУВААТ СО СЕМЕЈСТВАТА И ПО 40 ГОДИНИ

    УКРАДЕНИТЕ БЕБИЊА ОД ВОЕНАТА ХУНТА ВО АРГЕНТИНА СЕ СПОЈУВААТ СО СЕМЕЈСТВАТА И ПО 40 ГОДИНИАдријана е 126. дете кое беше пронајдено од групата „Бабите на Пласа де Мајо“ (Фото: Ројтерс)

    Аргентинка која била одземена од мајка ѝ како бебе беше обединета со своето семејство по цели 40 години, благодарение на групата „Бабите на Пласа де Мајо“.

    Адријана (40), која не сакаше презимето да ѝ биде објавено, беше идентификувана откако се согласи на ДНК-тест и тој се совпадна со роднини на нејзините биолошки родители, кои исчезнале за време на воената хунта во Аргентина.

    Ова е последната успешна акција на „Бабите на Пласа де Мајо“, која претходно има пронајдено 125 деца.

    Зборувајќи на прес-конференција, Адријана кажа дека луѓето кои ја пораснале починале, по што ѝ било откриено дека таа не е нивно биолошко дете.

    Во сабота ми кажаа, а веќе во понеделник бев кај ‘Бабите‘. Сакав да дознаам дали сум дете на луѓе кои исчезнале“, изјави Адријана.

    Иако веднаш направила ДНК-тест, и по четири месеци никакво совпаѓање не можело да се најде во базата на податоци на „Бабите на Пласа де Мајо“. Долгоочекуваниот повик стигнал во понеделникот.

    Таа дозна дека е ќерка на Виолета Ортолани и Едхардо Гарниер, кои се меѓу 30.000 луѓе кои биле приведени и исчезнале во периодот од 1976 до 1983 година, кога воената хунта одзела стотици деца од левичарски семејства.

    Мајката на Виолета никогаш не престанала да ја бара својата внука, која е родена во заробеништво во 1977 година и од почеток беше една од главните фигури во „Бабите на Пласа де Мајо“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари