УКРАИНА ИЗДАДЕ ПОШТЕНСКА МАРКА ОД МУРАЛ НА БАНКСИ НА ЗГРАДА РАЗУРНАТА ОД РУСКИ НАПАД

    УКРАИНА ИЗДАДЕ ПОШТЕНСКА МАРКА ОД МУРАЛ НА БАНКСИ НА ЗГРАДА РАЗУРНАТА ОД РУСКИ НАПАДМуралот е насликан на куќа која беше уништена од руски напад, во Бородјанка, во близина на главниот град Киев. (Фото: Гети)

    Украина издаде поштенска марка со графит на познатиот британски уметник Банкси, во чест на годишнината од руската инвазија. На муралот е прикажан маж кој потсетува на рускиот претседател Владимир Путин, како е соборен од младо момче на џудо натпревар. Путин има црн појас во џудо.

    Муралот е насликан на куќа која беше уништена од руски напад, во Бородјанка, во близина на главниот град Киев. За голем број Украинци, муралот на Бански е метафора за украинската одбрана од руската инвазија, која почна на 24 февруари 2022.

    „Ова е многу убав гест за светот да ја разбере Украина, дека остануваме во центарот на вниманието“, вели 26-годишната Максим, жителка на Киев, која била дел од долгата редица за купување на поштенската марка.

    Банкси наслика повеќе мурали во градови кои беа многу оштетени од руските напади.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира