УМЕТНИЧКО ДЕЛО СО ЛИМЕНКИ ПИВО ПО ГРЕШКА ФРЛЕНО ВО ЃУБРЕ ВО МУЗЕЈ ВО ХОЛАНДИЈА

    УМЕТНИЧКО ДЕЛО СО ЛИМЕНКИ ПИВО ПО ГРЕШКА ФРЛЕНО ВО ЃУБРЕ ВО МУЗЕЈ ВО ХОЛАНДИЈАФранцускиот уметник Александр Лавет изложил две вдлабнати лименки пиво на подот на музејот

    Музеј во Холандија мораше да собира уметничко дело од корпа за отпадоци откако еден вработен помислил дека две празни лименки пиво се оставено ѓубре.

    Францускиот уметник Александр Лавет изложил две вдлабнати лименки пиво на подот на музејот, нарекувајќи го делото „Сите добри времиња што ги поминавме заедно“ и тие на прв поглед изгледаат како да се фрлени. Сепак, од музејот ЛАМ во Лисе кажаа дека не е баш така.

    Ако загледате подобро, ќе забележите дека лименките се прецизно рачно насликани со акрил“, кажаа од музејот.

    Техничар од музејот помислил дека лименките ги оставил некој некултурен посетител, па ги собрал и фрлил во корпа. Откако кураторот забележал дека делото недостига, вработените почнале потрага и по некое време ги нашле лименките.

    За среќа, двете лименки се пронајдени во оригиналната состојба. Тие се исчистени и вратени на своето место“, објавија од музејот, додавајќи дека не му се лутат на техничарот, зашто едноставно згрешил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира