УМЕТНИК ПОСТАВИ 440 РАЛА ЧЕВЛИ НА ЗГРАДА КАКО СЕЌАВАЊЕ ЗА УБИЕНИТЕ ЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ВО 2018

    УМЕТНИК ПОСТАВИ 440 РАЛА ЧЕВЛИ НА ЗГРАДА КАКО СЕЌАВАЊЕ ЗА УБИЕНИТЕ ЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ВО 2018Во Турција обичај е кога ќе почине некој, да се постават чевли пред вратата од домот. Инсталацијата зафаќа простор од 260 квадратни метри. (Фото: Ројтерс)

    Турскиот уметник Вахит Туна постави 400 рала чевли со високи потпетици на фасадата на зграда на фреквентна улица во Истанбул, како симбол на бројката на жени кои биле убиени во домашно или сексуално насилство во Турција во 2018.

    „Стоиме на улица и можеби некои луѓе за првпат се соочуваат со уметност, но за првпат и со отворена рана која крвари. Верувам дека ова ќе ги погоди сите. Мислам дека оваа инсталација создава свест и предизвикува луѓето да почнат да размислуваат“, вели Туна.

    Во Турција обичај е кога ќе почине некој, да се постават чевли пред вратата од домот. Инсталацијата зафаќа простор од 260 квадратни метри.

    „Искрено, не се чувствувам безбедно на улица и оваа глетка е застрашувачка. Ова е вознемирувачко“, вели Серап Килич.

    Според платформата „Ќе ги спречиме убиствата на жените“, само во август годинава 49 жени биле убиени од мажи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира