ВАКЦИНАТА ГИ НАМАЛУВА ЗА ПОЛОВИНА СЕРИОЗНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ГРИП КАЈ ДЕЦАТА И ЗА ТРЕТИНА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ, ПОКАЖАА ДВЕ НОВИ СТУДИИ

    ВАКЦИНАТА ГИ НАМАЛУВА ЗА ПОЛОВИНА СЕРИОЗНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ГРИП КАЈ ДЕЦАТА И ЗА ТРЕТИНА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ, ПОКАЖАА ДВЕ НОВИ СТУДИИИстражувањата покажале дека се намалил бројот на луѓе кои биле лекувани во болница со тешки последици од грип, а кои претходно ја примиле вакцината. (Фото: АП)

    Вакцината за грип го намалува ризикот од сериозни последици кај возрасните за една третина, и ризикот од хоспитализација кај децата за половина, покажаа резултатите од две нови студии. Големината на студиите направени во повеќе сезони и строгоста во истражувањата им дава на лекарите нови моќни докази за вакцинација, вели д-р Кристина Брајант, од детската болница Нортон и Универзитетот од Луисвил во Кентаки.

    „Кога нашите пациенти не ја прифаќаат вакцината за грип, ни треба да прашаме зошто. Најчест одговор е дека тие ја примиле вакцината претходната година но и покрај тоа се разболеле. Овие истражувања нудат доказ дека и покрај тоа што вакцината не секогаш ќе ја спречи болеста, ќе ја намали нејзината тежина и дури ќе  спречи смрт“, вели таа.

    Истражувањата кај возрасните пациенти се направени во текот на пет сезони, и било опфатено поголемо географско подрачје.

    „Нашите студии нудат повеќе докази дека ако се прими вакцината за грип се намалува сериозноста на болеста“, рече д-р Шика Герд, епидемиолог од Центрите за контола и превенција на болести (ЦДЦ), главен истражувач во студијата за возрасни.

    Герд и нејзините колеги анализирале податоци од над 43.608 пациенти на возраст над 18 години, кои биле хоспитализирани во одреден период во текот на пет сезони на грип, а овие податоци се обезбедени од мрежата за надзор на хоспитализации, која содржи информации за над 250 болници за актутна нега во 13 држави на САД.  Тие го одредиле вакциналниот статус според медицинските податоци, регистрите за вакцини и разговори. Истражувачите откриле дека ризикот за сериозни последици од болеста е намален за 36% кај пациентите кои биле вакцинирани, за разлика од оние кои не ја примиле вакцината.

    Поточно, за луѓето од возрасната група од 18 до 64 години кои биле хоспитализирани во Х1Н1 вирусот го намалува ризикот од смрт за 36 отсто, ризикот за прием во одделите за интензивна нега за 19 отсто, и ризикот да бидат ставени на апарати за дишење за 34 отсто, како и ризикот да им се развие пневмонија за 17 отсто. Истражувачите велат дека за пациентите кои биле вакцинирани, а кои биле хоспитализирани на интензивна нега, престојот во болница бил покус. За пациентите над 65 години, вакцинацијата го намалува ризикот од прием на оддел за интензивна нега за 28 отсто, и ризикот да бидат ставени на механичка вентилацација за 46 отсто.

    За пациентите со вирус Х3Н2 и со другите Б вируси немало значително намалување на тешките последици од болеста со вакцинацијата.

    ЦДЦ препорачува годишна вакцинација за децата на возраст од шест месеци и постари, а извештаите покажуваат дека минатата сезона се вакцинирале 45 отсто од возрасните и 63 отсто од децата. Овие истражувања се презентирани на годишниот научен собир за заразни болести, кој се оддржа минатата недела во Вашнгтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира