ВАТИКАН ИСТРАЖУВА КАКО ОД ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ НА ПАПАТА ФРАЊО БИЛА ЛАЈКНАТА ФОТОГРАФИЈА НА БРАЗИЛСКИ МОДЕЛ

    ВАТИКАН ИСТРАЖУВА КАКО ОД ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ НА ПАПАТА ФРАЊО БИЛА ЛАЈКНАТА ФОТОГРАФИЈА НА БРАЗИЛСКИ МОДЕЛОд Ватикан тврдат дека лајкот сигурно не бил ставен од самиот папа (Фото: АП)

    Ватикан објави дека испитува како од официјалниот профил на папата Фрањо на Инстаграм била лајкната фотографија на оскудно облечен бразилски модел. Нејасно е кога била лајкната фотографијата на Наталија Гарибото, која е облечена во школска униформа. Лајкот во меѓувреме бил тргнат.

    Официјални лица на Ватикан сега истражуваат како се случило ова.

    „Можеме да исклучиме дека лајкот дошол директно од Светиот Отец и побаравме објаснување од Инстаграм“, изјави портпаролот на Ватикан.

    Инстаграм профилот на папата Фрањо има 7,4 милиони следбеници низ цел свет.

    „Со профилите на папата на социјалните мрежи управува тим од вработени. Во тек е внатрешна истрага“, кажаа извори од Ватикан.

    „Ако ништо друго, сигурно ќе одам во рај“, напиша Гарибото на Твитер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира