ВЕЛЕШАНИ ИЗНАЈМУВАЛЕ АВИОН ЗА ЛЕТАЊЕ ПРЕД 80 ГОДИНИ

    ВЕЛЕШАНИ ИЗНАЈМУВАЛЕ АВИОН ЗА ЛЕТАЊЕ ПРЕД 80 ГОДИНИАвионот што се изнајмувал е забележан на фотографија снимена во втората половина од 1930-тите што ја има велешкиот фотограф Томе Боцев

    Во 1930-те години велешани имале можност да изнајмат авион и да летаат над градот.  Авионот бил на местото каде е денес касарната, во новиот дел на Велес.  Таму имало поголема рамна површина, каде малите авиони можеле да полетуваат и слетуваат, открива една фотографија снимена во втората половина од 1930-тите што ја има велешкиот фотограф Томе Боцев. Фотографијата е дел од богатата семејна фото документација.

    Во 1927, сватовите биле со автомобил на свадбата на мајка му Нада, која живееле во село Ораовец кога татко му Тодор ја земал за жена

    „Знам дека со моите одевме таму, родителите ќе платеа и летавме. За ова доказ е фотографијата од мене, братот и сестрата со мајка ми и некои наши пријатели. Не можам да кажам колку чинеше летот, ама мислам дека траеше 30-на минути“ вели Боцев.

    Во  1927, сватовите биле со автомобил на свадбата на мајка му Нада, која живееле во село Ораовец  кога татко му Тодор ја земал за жена.  Во тоа време малкумина велешани имале автомобил.

    Со автомобил родителите на Боцев оделе и на венчавка

    „Во 1927 за прв пат во Велес за бракот на моите родители бил употребен автомобил да ја земе невестата од  село Ораовец. Таа  имала татко богат трговец , Пано Срмата. На фотографијата се гледа колку велешани тогаш биле модерни, што носеле. Со автомобил моите оделе и на венчавка. Тоа што денес е престиж, со каква кола ќе се земе невестата, татко ми го  сторил  пред  90 години“, вели  Боцев, кој има 84 години.

    Боцев, кој има 84 години, уште ги чува дрвените скии со кои своевремено скијал по македонските планини (Фото: СДК.МК)

    Тој има богата колекција на фотографии од Велес,  кои се споменар  и историја на развојот на градот. Но Боцев е и планинар, на шестгодишна возраст го има освоено врвот Солунска Глава на 2.540 метри, а се има искачено и на највисоките балкански врвови Триглав, Мусала, Олимп. И уште ги чува дрвените скии со кои своевремено скијал по македонските планини.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира