ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ ПРЕКУ МАСКИ ПОТСЕТИ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ МИНАТАТА ГОДИНА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ ПРЕКУ МАСКИ ПОТСЕТИ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ МИНАТАТА ГОДИНА (ФОТОГАЛЕРИЈА)Вевчанци и оваа година никого не поштедија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вевчанци и овој јануари се осврнаа на настаните кои ја обележаа изминатата година преку дефилето на маски и костуми на традиционалниот фестивал, што ги претвори улиците на селото во отворен театар.

    Во фокусот на василичарите беа економската и енергетската криза, војната во Украина, спорот со Бугарија и интеграцијата во Европската Унија, а на улиците на Вевчани можеа да се видат и кралицата Елизабета Втора, премиерот Димитар Ковачевски, па дури и Лео Меси.

    Не изостанаа и традиционалните ликови, како зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи, а пред многубројните посетители се изигра и василичарското оро.

    Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, кажа дека целта на карневалот е преку маските да ја потсетат владата како изгледала изминатата година.

    Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира