ВИНИЛИТЕ ЈА НАДМИНАА ПРОДАЖБАТА НА ЦЕДЕАТА ЗА ПРВПАТ ОД 1987

    ВИНИЛИТЕ ЈА НАДМИНАА ПРОДАЖБАТА НА ЦЕДЕАТА ЗА ПРВПАТ ОД 1987Продажбата на винилите лани пораснала за 17% (Фото: Гети)

    Винилите ја надминаа продажбата на компактните дискови за првпат од 1987 година, објави Американското дискографско здружение (РИАА) во својот годишен извештај. Продажбата на грамофонските плочи е во пораст 16 години по ред, при што лани биле продадени 41 милион примероци, наспроти 33 милиони цедеа.

    Стримингот останува најголемиот двигател на растот на музичката индустрија, учествувајќи со 84% во вкупните приходи, но физичките носачи на звук бележат значителен подем во последните неколку години.

    Продажбата на винилите лани пораснала за 17%, до 1,2 милијарди долари, додека истовремено продажбата на цедеата се намалила за 18%, на 483 милиони долари, вели РИАА.

    Пандемијата на ковид-19 придонесе да се зголеми побарувачката по винили, особено кај младите купувачи, а музичари како Адел и Тејлор Свифт помогнаа и поп музиката наголемо да се врати на овој формат.

    Приходите на музичката индустрија почнаа да се подобруваат во 2016 со ширењето на стриминг платформите како Спотифај и Епл мјузик, кои лани донесоа приходи од 10,2 милијарди долари од 92 милиони претплатници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира