„ВИП“ И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА „А1“

    „ВИП“ И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА „А1“Компанијата ги менува името, логото и изгледот на своите продажни салони

    Телекомуникациската компанија „оне.Вип“ денеска и официјално се преименуваше во „А1 Македонија ДООЕЛ“, а брендот „Вип“ стана „А1“.

    На свечениот настан во Скопје присуствуваа главниот извршен директор на групацијата „А1 Телеком Австрија“ Томас Арнолднер, главниот извршен директор на А1 кластерот „Хрватска и Македонија“ Јиржи Дворјанчански и извршниот директор на „А1 Македонија“ Мислав Галер, кои го претставија новиот бренд.

    „Трансформацијата од ‘Вип‘ во ‘А1‘ е стратешка одлука, со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич во оваа наша дигитална ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен“, изјави Галер.

    Компанијата ги менува името, логото и изгледот на своите продажни салони и воведува нова корпоративна интернет страница и нови, модерни и софистицирани дигитални алатки.

    „А1 Телеком Австрија“ е водечки снабдувач на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници во седум земји.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира