ВИП по повод 10 години од постоењето понуди дополнителни поволности за сите нови и обновени постпејд пакети, соопшти компанијата.
Со тарифните модели ВИП Мобиле Л и ВИП Фамили Хиро, корисниците добиваат 10 гигабајти 4Г интернет.
„ВИП само минатата година инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со ХД квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, ВИП овозможува покриеност на над 99,8 отсто“, изјави директорот на ВИП Димитар Ковачевски, на денешната прослава на 10-годишнината од постоењето на компанијата.
ВИП СО РОДЕНДЕНСКА ПОНУДА ЗА ПОСТПЕЈД КОРИСНИЦИТЕ ПО ПОВОД 10-ГОДИШНИНАТА
30 август 2017
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)