ВИСКИ ПРВПАТ ЌЕ СЕ ДЕСТИЛИРА ВО ВСЕЛЕНАТА ВО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ШКОТСКА И ЈАПОНИЈА

    ВИСКИ ПРВПАТ ЌЕ СЕ ДЕСТИЛИРА ВО ВСЕЛЕНАТА ВО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ШКОТСКА И ЈАПОНИЈАИнженерите од Шкотска и Јапонија планираат да стават шкотско виски во ракета во 2028 (Фото: ДПА)

    Виски ќе се дестилира во вселената за првпат како дел од експеримент, кој исто така ќе мери како тоа старее во суровата средина надвор од Земјината атмосфера.

    Инженерите од Шкотска и Јапонија планираат да стават шкотско виски во ракета во 2028, испраќајќи сателит со примероци од виски и неговите основни состојки на петгодишна мисија во орбитата околу Земјата. Тие се надеваат дека честите промени помеѓу екстремната топлина и смрзнувачкиот студ, што ќе ги доживува вискито додека ротира околу планетата на секои 90 минути, би можеле да го забрзаат процесот на зреење.

    Ова би можело да ја отвори вратата за идно производство на виски зреено во вселената, кое, според научниците, би имало „многу смели“ вкусови како резултат на неговото необично патување.

    Се очекува истражувањето да даде увид и во тоа како би можеле да функционираат орбиталните фабрики, кои би можеле да развијат молекули за лекови кои тешко се произведуваат на Земјата.

    „Науката околу процесот на ‘дишење‘ на вискито додека старее во дрвени буриња не е добро разбрана, но циклусите би можеле да се случат многу побрзо во вселената, каде што температурите можат брзо да варираат меѓу минус 150 степени и плус 200 степени“, изјави д-р Жил Баје од Универзитетот во Глазгов.

    Вискито ќе биде следено додека е во вселената, при што научниците на Земјата ќе добиваат податоци за неговите боја и хемиски состав.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира