„ВЛАКНЕСТ ЈАНУАРИ“ ГИ ПОВИКУВА ЖЕНИТЕ НА ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД

    „ВЛАКНЕСТ ЈАНУАРИ“ ГИ ПОВИКУВА ЖЕНИТЕ НА ПРИРОДЕН ИЗГЛЕДГрчката манекенка Софија Хаџипантели на Британските модни награди 2023. (Фото: Гети)

    Јануари, првиот месец од годината вообичаено е време на промени и одлуки. Расте бројот на зачленувања во теретаните, луѓето бараат нови работни места, а сѐ попопуларно е откажувањето од алкохол и месо.

    Но, во текот на изминатите шест години, овој период е во знакот на  „Влакнест јануари“ (Januhairy) иницијатива која ги предизвикува жените да ги тргнат настрана жилетите и депилаторите за овој месец. Официјалниот инстаграм профил на кампањата, кој има над 40.000 следбеници, објавува слики од жени кои ги слават влакната на телото во текот на целата година во обид да ги нормализираат.

    „’Влакнест јануари’ е ослободувачки затоа што ве тера да размислувате за начинот на кој се однесувате со вашето тело и зошто“, изјави основачката на иницијативата, Лаура Џексон за британскиот весник „Метро“ во 2021, додавајќи: „Можеби наскоро ќе дојдеме до момент кога луѓето ќе можат да го прават она што го прават, па дури и во однос на влакната на телото и нема ни да треба да зборуваме за тоа. Тоа би било нешто важно“.

    Во 2021, студијата на компанијата за истражување на пазарот „Југов“ покажа дека 59 отсто од Британците ги сметаат женските влакна на пазувите за „непривлечни“, при што мажите и жените во голема мера го имаат истиот став, односно 57% и 61%. Но, истражувањето, исто така, покажа дека ставовите се менуваат со генерациите, при што помладите жени  повеќе ги прифаќаат влакната на женското тело.

    Дваесет и седумгодишната Розен Филиг од од Тампа, Флорида, која студира за докторат по социјална психологија, редовно објавува на социјалните мрежи за нејзиниот избор да ги расте влакната на телото. Тоа е личен избор кој привлекува многу критики од странци, особено на Интернет.

    „Најчесто коментарите се од жени, што се чини толку контрадикторно“, изјави таа. „Станува навистина агресивно. Има луѓе кои оставаат емотикони со повраќање и велат дека сум одвратна“, вели таа.

    Нејзиниот совет е дека жение треба длабоко да размислат за изборите кои ги прават.

    „Толку многу жени никогаш не го виделе своето тело како што треба да изгледа“, вели 27-годишната уметница Естер Каликте-Беа. „Да дозволите влакната на вашето тело да растат, може да ви помогне да ги преиспитате идеите околу убавината и како навистина се чувствувате за вашето тело“, додава таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира