ВЛОЖИВМЕ 50 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОУБАВА И ПОСРЕЌНА ИДНИНА НА ЦЕЛА ЗАЕДНИЦА, ВЕЛИ ОЛГА КОСТОВСКА ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

    ВЛОЖИВМЕ 50 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОУБАВА И ПОСРЕЌНА ИДНИНА НА ЦЕЛА ЗАЕДНИЦА, ВЕЛИ ОЛГА КОСТОВСКА ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ„Ние немаме втор дом, не сакаме да протрчаме низ животот незабележано, сакаме да го дадеме својот придонес во нашата држава, сакаме да ја градиме нашата иднина со тоа што бидеме тука и сега“,- Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување

    Според финансиските резултати, „Еуролинк осигурување“ е на втората пазарна позиција, но со бројката од над 50 милиони денари вложени во заедницата сме на првото место во нашата индустрија, вели Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на осигурителната компанија, која што денеска прославува 15-годишнина од основањето. На јубилејот, Костовска ја раскажува приказната за „Еуролинк“ од малку поинаков агол, зборувајќи за платформата за корпоративна одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која што постои четири години.

    „Во темелите на Еуролинк со невидлива нитка е вткаено чувството за заштита и поддршка на сите наши традиционални, културни и историски вредности, вткаено е чувството на солидарност и чувството за емпатија уште од самите зачетоци“, вели Костовска.

    „Преку разни активности, дел од платформата на Еуролинк, стотици деца ги совладаа основните балетски, пливачки и лизгачки вештини, десетици студенти на Правниот факултет добија стипендии и стотици граѓани, кои учествуваа во „Мапа на културата“, се запознаа со нашето национално, културно и историско наследство. Понатаму, стотици оратори добија поддршка од „Еуролинк“, а компанијата придонесе за подобрување на условите во студентски дом. Поддржани беа бројни хуманитарни организации и поддршка од „Еуролинк“ доби и Музејот на современата уметност, каде што и вечерва ќе се одржи прославата на 15-годишниот јубилеј“, ги набројува Костовска активностите на компанијата во областа на корпоративната одговорност.

    „Ние немаме втор дом, Не сакаме да протрчаме низ животот незабележано, сакаме да го дадеме својот придонес во нашата држава, сакаме да ја градиме нашата иднина со тоа што ќе бидеме тука и сега. Можам да кажам дека Еуролинк ги испишува своите страници во заложбите за подобра, посреќна и поубава иднина. Денес Еуролинк е активен учесник и чинител во крвотокот на нашата држава обидувајќи се сечиј живот кој ќе го допре да го направи поубав, понасмеан, поамбициозен, обидувајќи се да го види и допре доброто во сѐ и во секого“, вели првиот човек на „Еуролинк осигурување“ Олга Костовска по повод 15-тиот роденден на осигурителната компанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира